(ФОТО) КАКО Ѝ УСПЕА: Од 140 ја намали тежината на 60 килограми

Тања Пачеко Барбоса го прославила полнолетството како девојка со 140 килограми, а тоа е факт кој не ја вознемирувал додека не ја изгубила својата баба, која починала поради срцева болест. Вградила бајпас на желудникот, но и од корен го променила животот. 

Тајната како што вели таа е што вежба шест дена во неделата. Најголем непријател на совршеното тело сега за неа е вишокот кожа, а не се откажува и вели дека и тоа ќе го доведе во ред. За неа како што вели доста се благотворни масажите на кои оди редовно.

Нејзината баба, најважната личност во животот на оваа млада Бразилка, починала неколку месеци пред нејзиниот 18-ти роденден, а три години пред тоа и мајката на Тања преживеала срцев удар.

Сега девојката има 60 килограми.

- Немав никаква самодоверба, не го обожавав баш моето тело, но се прифатив таква каква што бев - вели таа. 

Од исхраната целосно го исфрлила шеќерот, мастите и индустриската храна, а телото го преобликувала со помош на теретана, бокс и боди билдинг.

Сега таа има повеќе од 62.500 следбеници кои секојдневно ги мотивира и инспирира да преземат нешто ако се незадоволни со својот изглед.