(ФОТО) Карлеуша скршена, бара нов дом

Неполни три недели откако почина познатата новинарка и радио-водителка Дивна Карлеуша, нејзината ќерка, пејачката Јелена се сели во нов дом.

Карлеуша се повлече од јавноста по смртта на мајката која тешко ја преживува. За тоа време, таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ планираат да се преселат во вила која ја купија од фудбалската легенда Драган Стојковиќ- Пикси. Камерите на емисијата „Папарацо лов“ ја снимија пејачката, нејзиниот сопруг и тетката како го посетуваат новиот дом.

Според снимките на кои Јелена е со темни наочари, таа е и понатаму скршена, а поради тоа сопругот и останатите членови на семејството не ја оставаат сама. Освен што ќе се преселат, пејачката и фудбалерот решиле на своите ќерки да ги запишат во ново училиште, кое се наоѓа блиску до нивниот нов дом.