(ФОТО) Каролина во совршена комбинација со „Ребека“

На првиот од четирите концерти во Македонската Филхармонија, Каролина Гочева го привлече вниманието со италијанскиот бренд за накит „Ребека“, чие заштитно лице е. Каролина претходно за „Женски магазин“ изјави дека овие парчиња накит и приватно ѝ се омилени, и најави дека ќе ги носи на нејзините настапи.

„ Од неодамна сум заштитно лице на италијанскиот бренд за накит „Ребека“ и во текот на оваа година ќе ги претставувам нивните модели. Ги носам и приватно, затоа што се специфични, а во исто време ненападни, па најдов повеќе парчиња кои ми се допаѓаат. Имаат и посвечени модели на додатоци кои секако совршено би се вклопиле на некој од концертите и настапите кои ми претстојат “, ни изјави Каролина.

Во ноември минатата година „Ребека“ отвори своја продавница во Скопје, во ТЦ Рамстор. Сопственичката на брендот е италијанката Ребека Тести, чиј татко, инаку дизајнер, ја основал компанијата, а сопственичка за Македонија е Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на Универзитетот во Рим. 

„ Најсветлата ѕвезда на македонското естрадно небо, Каролина Гочева, завчера блескаше на сцената на својот прв концерт со колекцијата #Lucciole“, рекоа од „Ребека“ за својата пријателка и соработничка. Следните концерти на Каролина во Македонската Филхармонија се на 20 и на 22 февруари.