Култура // Настани
(ФОТО) Каролина во ултра шик црно-бела комбинација
Мевлем за душа е концертот на Каролина Гочева со Македонската филхармонија. Каролина е дел од настанот А1 World of music. Редејќи ги хитовите од албумите "Македонско девојче" 1 и 2, Каролина ја разнежи публиката пред А1 Арената. Дел од репертоарот се и нејзините поп-хитови кои звучат побогато со оркестарот на Филхармонија. Каролина за овој настап избра оригинален стајлинг: бела свилена кошула, црни пантолони на кои највпечатлив детаљ е ременот со тока и црно-бели чевли. Во едноставноста е убавината на Каролина. И одвнатре и однадвор. Пред настапот, таа најде време да се слика со обожавателите.
М.Џ.
Фото: В.Тануровски