(ФОТО) Ќе најдеш слика од времето и ќе те погоди како нож: Елена ги расплака фановите

Во последните неколку години естрадата доживеа многу загуби. Голем број македонски пејачи и актери прерано не' напуштија и не оставија без нивното творештво. Еден од нив беше и младиот рокер, миленикот на женската популација Влатко Илиевски. Тој во тага ги остави своите најблиски, но и многу колеги. Помеѓу нив е и пејачката Елена Ристеска, која изминатите неколку години, освен Влатче, го загуби и татка си.

Пејачката не ја крие тагата што ја чувствува од загубата на својот пријател. Па, така случајното пронаоѓање стара фотографија на која таа позира покрај плавоокиот пејач, веднаш го сподели со фановите на својот Инстаграм профил. Покрај истата напиша и емотивен опис, кој обожавателите на Влатче ги остави во солзи.

„Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата.Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот!“