(ФОТО) Ќерката ја донесов на свет и покрај ризичната бременост: Се породи Наташа Мерсовска

Добивај вести на Viber

Новинарката Наташа Мерсовска стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Александар Ристовски добија ќерка на која и го дадоа името Каја. Убавата вест, Мерсовска, која е уредник на бизнис вестите во „Сител“ ја објави на својот Фејсбук профил.

„Каја си дојде дома. Голема благодарност до доткор Александар Бојаџиев кој се погрижи на свет да ја донесам мојата лепотица и покрај ризичната бременост и доктор Лазар Чадиевски, задолжен крвната слика да е во ред. Без поддршката и советите од вас, оптимизмот немаше да биде присутен“, напиша Мерсовска на својот Фејсбук профил.

Таа со совојот сопруг и со ќерката објави фотографија од клиничката болница „Аџибадем Систина“.