(ФОТО) Ќерката на Џони Деп во врска со најбараниот млад актер во Холивуд

Лили Роуз (19), ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, повеќе не ја крие врската со младиот холивудски актер Тимоти Каламет кој се прослави со контроверзната драма Call Me By Your Name за која доби и номинација за Оскар. 

Шпекулациите за нивната романса почнаа кога и двајцата прифатија ангажман во новиот проект на „Нетфликс“, филмот  The King.

Роуз и Каламет не ги коментираа натписите во медиумите, но шпекулациите се покажаа точни откако папараците овие денови ги уловија по улиците на Њујорк како разменуваат нежности.