(ФОТО) Ќерката на Масимо Савиќ плаче по цели денови: Која е Мирна Савиќ

Мирна Савиќ, ќерка на популарниот музичар Масимо Савиќ, со својот гест ја воодушеви цела Хрватска. Мирна беше побарана од тим на Фејсбук откако девојчињата кои ја примија облеката што ја донираше ги најдоа нејзините пораки во џебовите.

Мирна конечно го контактираше тимот, а на својот Инстаграм објави фотографија на која плаче.

„Цел ден вака“, напиша таа.

Да потсетиме, педагогот од Студентскиот дом „Дора Пејашевиќ' во Загреб, објави статус во кој сакаше да ѝ се заблагодари на Мирна.

- Ја бараме Мирна, која пред околу месец и половина -два месеци донираше облека за студентскиот дом, а облеката беше во карантин неколку недели поради вирусот и не знаевме дека Мирна ставила прекрасни мали пораки полни со љубов во секое палто и јакна - напиша Харапин Гајиќ.


Се покажа дека Мирна е всушност доста добро позната во јавноста. Таа е радио водител, блогер и ќерка на Масимо Савиќ.

„Драги мои, вие ме расплакавте од среќа ... Пишувам тука затоа што се надевам дека сите мои драги „Палта“ ќе ме слушнат така. Кога ги напишав овие пораки, помислив на девојките што ќе ги најдат и ги замислував нивните насмевки, нивните приказни. Замислив колку сила му треба на едно младо суштество кое живее далеку од своето семејство секој ден, колку е тешко кога не можеш да истрчаш во прегратките на мајка ти кога мангуп ќе ти го скрши срцето за прв пат. Колку мене ми подарил животот, а колку на некоја можеби слична девојка на мене ѝ одземал... Сакав некако да им дадам до знаење на овие девојки дека таму има една Мирна, која би сакала да ги прегрне и да ги насмее сите, иако таа не ги познава “ - пишува низ солзи младата девојка, а овој нејзин гест навистина е за секоја пофалба.


Насловна фото: В.Тануровски