(ФОТО) Ќерките на Деми Мур и Брус Вилис: Дали ја наследија убавината на своите родители?

Брус Вилис и Деми Мур беа златната двојка на Холивуд. Додека Вилис беше синоним за мажевност, Деми беше секси симбол со децении. Убавата двојка доби три ќерки: Румер, Скаут Лару и Талулу Бел. Медиумите често наведуваат дека комбинираниот изглед на двајцата родители направил совршена комбинација за трите девојки.

Славните актери се венчаа во 1987 година. Тој имаше 32 години и тоа му беше прв брак, додека 25-годишната Деми веќе имаше развод зад себе. Двојката живееше заедно 13 години, а нивната популарност беше огромна.

Иако трите ќерки активно се занимаваа со глума и се видени во неколку филмови уште како мали, двојата одлучи да ги воспитува во малото гратче Хејли, далеку од Холивуд. Се надеваа дека таму ќе имаат понормално детство.

Иако трите потсетуваат на своите родители, сепак ниту една од нив не е апсолутно пресликана на мајка си или татко си.

Иако двојката се разведе во 2000-та година, сепак семејството се појавува заедно на јавни настани. Ќерките живеат сами, и водат свој живот.

Румер Вилсон (31)

Најстарата ќерка има31 година. Таа е позната американска актерла, која зад себе има над десет филмови и мјузикли, вклучувајќи го и последниот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ и главна улога во мјузиклот на Бродвеј.

Скаут Вилсон (27)

Иако учествуваше во неколку филмови, Скаут одличи да не оди по стапките на своите родители. Активно се занимава со социјално корисна работа, пеење и мода. Многумина велат дека е пресликан Брус Вилис.

Талула Вилсон (25)

Талула е најмладата ќерка во семејството. Се занимава со илустрација. Во 2016-та година лансираше своја сопствена линија за облека по нејзиниот прекар од детството „Buuski“. Оваа линија на облека се состои од маици и џемпери со нејзини илустрации.

Брус Вилис повторно се ожени и со сопругата Ема има две ќеркички: Мејбел (7) и Евелин (5). Сите негови ќерки се согласуваат одлично и поминуваат доста време заедно. Доказ за тоа се заедничките фотографии на нивните профили на социјалните мрежи.