Моден фокус // Коса
(ФОТО) Конечно ја скрати косата: Џулија Робертс ги воодушеви фановите
Актерката Џулија Робертс не е една од оние славни дами кои често го менуваат изгледот. Напротив, како да е иста од почетокот на кариерата, а освен што вешто им пркоси на годините, цело време има и иста фризура.
Сепак, оскаровката конечно се одлучи за драстична промена која ги воодушеви нејзините фанови. Џулија ја скрати долгата коса во асиметрична и слоевита, а нејзиниот нов изглед на „Инстаграм“ го сподели нејзиниот фризер.