(ФОТО) Копија на мајка си: Ќерката на Амернис Нокшиќи наполни 13 години

Поголемата ќерка на актерката Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски наполни 13 години.

- Мојата прва љубов, мојата душа, денес наполни 13. Среќен роденден, љубов моја! - напиша Амернис под фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.

Познатата актерка во интервју за „Женски Магазин“ ни откри дека Бора е заинтересирана за уметноста како мама. Помалата ќерка Каја, пак, многу сака да се грижи за животните.