(ФОТО) Ледено-сребрени трансформации: Прифатете ги белите влакна
Белите влакна се резултат на еден природен процес, најчесто се појавуваат со текот на стареењето, но ги има и кај помладите генерации, поради најразлични причини.
Како и да е, порано или подоцна кај секој излегуваат на виделина.
Години и години наназад жените се обидуваат да ги прекријат белите влакна користејќи фарби. Меѓутоа тоа што е се' поактуелно е прифаќање на седите влакна и промовирање на еден сосема нов изглед кај дамите - трансформирајќи ги косите во ледено - сребрени моќни нијанси.
Токму фризерот Џек Мартин од Тастин, Калифорнија, е познат по тоа што ги претвора белите влакна или седиот израсок на косата кај клиентите во нешто неверојатно.
Тој трансформира дами од целиот свет, кои патуваат специјално за кај него. Дури ја имал честа да ја трансформира и легендарната актерка Џејн Фонда, специјално за Оскарите во 2020 година.
Во прилог погледнете ја галеријата со неверојатните трансформации:
фото:instagram.com/jackmartincolorist/