(ФОТО) Луксузни декорации и брендирани подароци под божиќното дрво: Пријовиќ сподели како го украсила својот дом

(ФОТО) Луксузни декорации и брендирани подароци под божиќното дрво: Пријовиќ сподели како го украсила својот дом

Пејачката Александра Пријовиќ започна со украсување на својот дом за новогодишните празници.

Откако ја прослави славата во домот на Живојиновиќ, Александра реши да создаде празнична атмосфера во нејзината куќа.

Во тоа и помогна мајката на Филип Живојиновиќ, Зорица Накиќ, која заедно со неа ја украси елката.

По тој повод, сопругот на пејачката направи и видео кое заврши на Инстаграм, во кое може да се види како Александра седи на подот и со воодушевување ја гледа големата елка додека Зорица го прави последното дотерување.


Покрај тоа, украсите може да се видат покрај телевизорот, а судејќи според кутиите што стојат околу Пријовиќ, остатокот од куќата наскоро ќе биде во знакот на Новата година.


Фото: Инстаграм