(ФОТО) Мелани, ти си нашиот живот: Ќерката на Тарчуловски наполни 15

Македонската фолк-пејачка Соња Тарчуловска со емотивна посвета ѝ го честита 15-от роденден на ќерката Мелани.  

„Како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат. Ти си нашиот живот. Среќен 15-ти роденден ќерко“, напиша таа под неколкуте фотографии кои ги сподели на социјалните мрежи.

Соња и Јохан Тарчуловски имаат уште две деца, Младен (12) и Јована (4).