(ФОТО) Мет Гала балот откажан: Ѕвездите откриваат што би носеле
Годинава не се одржа Мет Гала балот - најочекуваниот настан на модниот календар.
Како и повеќето настани, годишната Мет Гала - што требаше да се одржи во понеделникот во Њујорк - беше откажана поради пандемијата на коронавирус.
Сепак, не е се' изгубено, бидејќи познати личности, вклучувајќи ги Џулија Робертс, Кети Пери, Аманда Сејфрид, се облекоа и покажаа што би носеле, без оглед на тоа што сме во изолација.
Робертс сликана во нејзината бања носеше црно-бела тоалета.
Ѕвездата Сејфрид, пак, објави фотографија од себеси на отворено во шумата.
Кети Пери, исто така, покажа што би носела - костим од Џан Пол Гутиер инспириран од Мадона.
Поп-sвездата го очекува своето прво бебе со партнерот Орландо Блум.
Сепак се одржа виртуелен настан - наречен A Moment with the Met, чиј домаќин беше главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.
Винтур им порача на гледачите дома:
„Сепак, едно нешто што научивме во текот на ова тешко време е дека едни на други сме си потребни.“
Таа, исто така, побара донации за Met и Common Thread, иницијатива да им се помогне на оние што се борат во модната индустрија.
Вог, исто така, одржа #MetGalaChallenge, со објавување на слики од рекреирање на претходните изгледи на Мет Бал.
Аутфитот на Карди Б за 2019 година.
Рекреација на изгледот на Ријана за 2017 година.