(ФОТО) Младите пејачи доминираат оваа години: Кој сѐ ќе настапи на Макфест 2019?

На 10, 11 и 12 октормври центарот на сите случувања ќе биде градот Штип. Имено, во Ценатарот за култура „Ацо Шопов“ ќе се одржи 34 - тото издание на Фестивалот за музика „Макфест“.

Минатата година победата ја однесе младата пејачка Антониа Гиговска, со песната „Никогаш не вели никогаш“. Дали оваа година историјата ќе повтори и ќе победи некоја нова млада и надежна ѕвезда останува да почекаме до наредниот викенд.

Мартија Станојковиќ, Трајче Ѓоргиев, Мартинија Кириловски, Мина Блажев, Барабара и многу други, ќе се борат за првата награда. Еден од најпознатите женски бендови на Балканот „Фрајле“ ќе биде сериозна конкуренција за овие млади имиња, како и дуото Александар Митевски и Драган Спасов - Дац.

Во продолжение погледнете го распоредот, но и сите изведувачи кои ќе настапат на двете фестивалски вечери.