(ФОТО) Модерна панк принцеза: Шарлин од Монако ја избричи косата

Добивај вести на Viber

фотографии: PROFIMEDIA

Сопругата на принцот Алберт од Монако, принцезата Шарлин, се појави на настанот за делење Божиќни подароци, и по тој повод ја покажа драстичната промена на изгледот.

Принцезата Шарлин ја замени својата вообичаена кратка фризура со избричена половина од главата, т.н. Half-Hawk фризура.

Носеше златно-црна комбинација, а на лицето носеше златна маска со светки.

Многумина го опишаа нејзиниот нов стил како панк и целосно изненадувачки, но тоа не е зачудувачки кога станува збор за Шарлин, затоа што веќе неколку пати експериментираше со фризури.

Ова е нејзиниот нов имиџ: