(ФОТО) Моника Белучи со супер трансформација: Со фризура како оваа, ќе изгледате една деценија помлада

Добивај вести на Viber

До неодамна, Моника Белучи имаше долга коса, а потоа реши да направи голема промена и драстично да ја скрати. Изгледа дека и се допаднала играта со должината на косата, па затоа повторно ја променила фризурата. Признаваме, новата фризура совршено и одговара.

Имено, фризурата боб со шишки, според стилистите, е апсолутен хит за жените во своите 50-ти години. Оваа должина ќе ја истакне убавината на лицето, модерна е и разиграна, па затоа ќе ве подмлади.



Покрај тоа што изгледа убаво, оваа форма на фризура е лесна за одржување и се суши брзо, што, ќе признаете, е многу важно кога температурите надминуваат 30 степени.

Сè што треба да направите е да земете малку пена за коса и да ја нанесете на косата со рацете, и во еден момент ќе имате заводлива фризура, така што ќе можете да ги намалите посетите кај фризерот.


Фото: Инстаграм

Кога ќе остарам, нема да се гледам во огледало: Животни цитати на Моника Белучи