(ФОТО) Музичарот кој ја прослави: Пред Мрка, Ана Бекута го сакаше овој човек

Добивај вести на Viber

Ана Бекута живеела со музичарот од Шабац, тапанарот Предраг Видовиќ Преј, скоро десет  години.

1981 година била кобна за Ана. Предраг Видовиќ се вратил во Шабац во раните 80-ти години по ангажманите во Германија и Америка. Сфаќајќи дека е можно да се заработи подобро на народни песни, Видовиќ тогаш го сменил музичкиот правец и заедно со својот бенд објавил конкурс за пејачка, на која се пријавиле Нада Полиќ и Ана Бекута.


Заедно со Предраг Видовиќ, Ана започнала сериозно да се занимава со музика. Додека работеле, тие се зближиле приватно и биле во врска цели десет години. На една од нивните турнеи, во раните 90-ти, Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 година, таа ги напуштила Преја и Шабац засекогаш и се преселиа во Белград. каде живеела и работела со Слободан до 2000 година.


Денес Бекута е во среќна врска со поранешниот министер Милутин Мркоњиќ. Иако тој официјално не се разведе од сопругата Драгана Даша, на Ана и Милутин не им пречи тоа со години да уживаат во љубовта.


Фото: Инстаграм/Ана Бекута

Извор: курир.рс