(ФОТО) На плажа во Хрватска полно како во 2019: Ни социјална дистанца, ни маски, ни дезинфекција

Една од најпознатите плажи на хрватскиот остров Муртер, викендов „вриеше“ од капачи, а на социјална дистанца, маски и дезинфекција никој не мисли.

Фотографиите од плажата Сланица прикажуваат дека се работи „турбо“ како во најдобра летна сезона, меѓу пешкирите едвај се поминува, млади и стари уживаат во сонцето и морето и се однесуваат како коронавирусот да не постои.

По препораките на Хрватскиот завод за јавно здравје, за простори на морски и слатководни води, максимален број кој е дозволен за истовремен престој се одредува спрема начелно 15 лица на 100 метри квадратни нето површина земјиште. 

За сите вработени и посетители се советува да се држат до дистанцата од 1.5м.

Според фотографиите, ништо од погореспоменатото не се почитува.


Извор: dnevnik.hr

Фото: Duško Jaramaz/PIXSELL