(ФОТО) Најпосакуваниот кралски ерген позгоден од Вилијам и од Хари

Со оглед на тоа дека Хари и Вилијам се одамна зафатени, на британскиот престол останаа уште неколку посакувани ергени, а за најпосакуван важи Артур Чато.

Тој е внук на британската принцеза Маргарет, сестра на кралицата Елизабета, и по многу нешта е нетипичен член на монархијата. Синот на Леди Сара Чато и нејзиниот сопруг Даниел, со целосно име Артур Роберт Натаниел Чато, е роднина од второ колено на Вилијам и на Хари.

Артур има 19 години и на социјалните мрежи стана многу популарен кај девојките, најмногу поради разголените фотографии кои ги објавува на Инстаграм. Тој е 25 на ред за британската круна. 

За Артур велат дека му се слаби шансите да застане на британскиот трон, а една од причините кои го сакаат девојките, освен убавиот изглед се и екстремните спортови во кои ужива. Едно време помина во британската морнарица, а кога беше мал, често беше покрак кралицата Елиабета, и на кралските свечености беше задолжен да ѝ го придржува долгиот фустан.