(ФОТО) Неочекувана промена: Тамара ја бојадиса косата по теркот на светските ѕвезди

Речиси и да заборавивме како изгледа Тамара Тодевска со нејзината природна или друга боја на коса, бидејќи долги години ја негува платинесто русата боја која патем, одлично ѝ прилега.

Меѓутоа пејачката решила да направи промена, и тоа храбра промена - да ја бојадиса косата во розова.

Барем така наведува Инстаграм постот во фризерското студио каде таа ја средува својата коса. 
Од таму објавија колаж фотографии како изгледал процесот - од блондинка, до светла бакарна до розова.

Навиваме ова да е вистина, бидејќи розовата боја на коса е ИН, а со стилот на Тамара оваа боја одлично би се вклопила.