(ФОТО) Непрепознатлив: Владо Јаневски пуштил брада

Владо Јаневски во последните години не е многу активен на сцената, а во една прилика, во интервју за Женски магазин, тој изјави дека куќата ја претворил во тврдина за никој да не му пречи.

Но, тој не е активен ниту на социјалните мрежи, преку кои јавните личности се поврзуваат со публиката и обожавателите, кои пак со нетрпение ги очекуваат да објават нешто за да видат што облекле, каде одат, со кого се, дали подготвуваат нешто ново.
Со оглед на тоа дека Јаневски не води личен профил, други луѓе се грижат за тоа, па така обожавателите успеваат некако да се во тек со новостите.

Навикнати сме, од кога знаеме за Владо, да го гледаме во издание кое е впечатливо за него. Стилот на облекување го менува, но со брада никогаш го немавме видено. 

Овој пат сите беа изненадени кога на Инстаграм профилот на Владо беа објавени супер ретки фотографии од него со брада.

Да! Владо Јаневски со брада, во такво издание го немаме видено.

Описот на фотографиите гласеше:
„Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е Владо со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“

А ова се фотографиите: