(ФОТО) Неверојатни се: Мајка роди идентична четворка зачната по природен пат

Да се стане родител е најубавото чувство на светот. Додека пак да знаеш дека ќе добиеш повеќе од едно бебе одеднаш е неверојатно!

Но, можете ли да замислите какво е чувството кога ќе ви кажат дека ќе добиете четири бебиња наеднаш? Е па, ова им се случи на Џени и Крис Мар, кога отидоа на првиот ултразвук во ноември.

Првично се загрижија кога го видоа чудниот изглед на лицето на лекарот, па веднаш прашаа дали има некаков проблем:

„ Не, нема никаков проблем, слушаме три отчукувања на срце." 

Џени и Крис беа воодушевени, но тоа не беше единственото изненадување таа недела. На закажаниот преглед кај специјалист за фетуси, им кажаа дека ќе добијат четири бебиња.

Џени и Крис се единствени деца во своите семејства, и немаат фамилијарна историја на повеќе бебиња. Затоа, беа шокирани.

Крис тога низ смеа изјавил:

- Не доаѓам на следен преглед, да не ни кажете дека се пет бебиња. 

Според нивниот лекар во Тексас, ова е „чудо“, бидејќи идентични, спонтано зачнати раѓања на четворка се јавуваат кај 1 на 11 милиони или 1 на 15 милиони раѓања.

Откриле само 72 случаи од нив во досега објавена литература.

Идните родители се исплашија кога дознаа дека сите бебиња имаат една плацента и „има ризик едно од бебињата да се развие повеќе и да им одземе од растот на другите бебиња“.

За среќа, сè помина добро, никое од бебињата не се роди значително помало од другите.

Сепак, раѓањето на сите нив во време на пандемија стана нивниот следен страв. Болниците низ целата земја ги менуваа своите политики заради кризата со коронавирус. Згора над се контракциите почнаа во 28,5 недела од бременоста.

Џени вели дека тогаш „за прв пат за време на бременоста“ го очекувала најлошото.

Како и да е на 15-ти март, за само три минути, светот ја дочека идентичната четворка Харисон Фју, Хенри Вилијам, Хадсон Пери и Харди Смит Мар.

На тројца од нив им требаше кислород, а сите четворица останаа на одделението за интензивна нега на новороденчиња околу 10 недели.

Крис вели дека честопати им е тешко да ги разликуваат момчињата:

„Секој од нив има малку различни карактеристики. Кога ќе седнеме и ќе ги разгледаме, можеме да сфатиме кој е кој, но ако само ги погледнете од далечина, сите изгледаат исто. Фала му на Бога, Хадсон е малку помал од сите други и потивок.“

Авантурите на преслатката четворка момчиња може да ја следите на нивниот профил на Инстаграм насловен како @themarrthemerrier!