Моден фокус // Коса
(ФОТО) Нов имиџ: Ким Кардашијан со никогаш пократка коса
Ким Кардашијан на модната недела во Њујорк се појави со нов имиџ. Ријалити-ѕвездата уште пред летото направи боб-фризура, но во меѓувреме косата ѝ порасна и сега одлучи да ја скрати повеќе од било кога.
Освен со нова фризура, на гламурозниот настан вниманието го привлече и со стајлингот. За оваа пригода одбра сребрен металик топ, кожни панталони со долги и широки ногавици и сандали, а на ревијата дојде во друштво на пријателката, ТВ-ѕвездата Ла Ла Ентони.
Се чини дека доминацијата на боб-фризури продолжува и оваа есен. Освен Ким, за таков имиџ неодамна се одлучија и Џенифер Лопез и Иванка Трамп.