Нова сезона, нови стилови: 4 фризури кои ќе ги обожаваме оваа зима (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нова сезона, нови стилови.

Најдоминантните епохи во светот на фризурите се оние од периодот на 70-тите и 90-тите години на минатиот век.

Иако некои познати личности веќе (секако) прошетаа низ некои од овие трендови, Сали Хершбергер - позната професионална фризерка на славни лица откри кои фризури ќе доминираат глобално во следните неколку месеци.

Боб е дефинитивно најпопуларната фризура и во 2021 година, но во зимското издание текстурата е она што ја прави посебна и ефективна, па Сали препорачува доколку сакате посвеж изглед да најдете добри виткачи на коса или само да направите минивалови.

За оние кои се љубители на долга коса и успеале да ја негуваат својата долга коса за време на карантинот, најдоброто освежување доаѓа во форма на таканаречени невидливи слоеви, оставајќи некои влакна подолги, а некои малку пократки, со што на изгледот му се дава одредена доза на исполнетост.

Омилена фризура од 90-тите години - степенастата коса на Рејчел од серијата Friends, повторно заживеа и може да изгледа навистина одлично, особено ако се исуши со тркалезна четка.

Шишки - пред да станат популарни од главната хероина од серијата „Кралицата Гамбит“, тоа го стори Џенифер Лопез - комбинирање на шишки со долга коса е вистинско потсетување на ерата од 70-тите.

1. Боб

2. Невидливи слоеви

3. Шишки

4. Степени

извор:еlle.rs

(ФОТО) Модерни фризури со шишки за дами над 45 години

Скоро пола милион жени го видоа видеото: Дојде со крајно оштетена коса, а сега сите се вртат по неа