(ФОТО) ОБЕТКИ кои ќе ги обожавате оваа пролет

Добивај вести на Viber

Обетките веќе долго време се голем хит меѓу голем број дами бидејќи се едноставни, безвременски и секогаш во тренд. Се сложуваат со сечиј стил и му стојат секому, без разлика на годините, но и ситуацијата. Можат да му дадат елегантен вајб на секој изглед, или урбана нота која ќе го финишира целиот изглед.

По пребарувањата на интернет и социјалните мрежи, а посебно Пинтрест, на кој воглавно се наоѓаат нови трендови, видовме дека алките од акрил имаат посебно место кога се во прашање модните аксесоари.

Дали тие се нов најголем моден тренд за овогодишната пролет? Ние сме убедени дека се бидејќи се толку забавни и лесни за носење.

Издвојуваме неколку најубави акрилни алки во кои можете да инвестирате оваа пролетна сезона. Најдете ги вашите омилени.