(ФОТО) Објавени 138-те имиња на македонски државјани кои одбиле да примат решение за самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави списокот од 138 македонски државјани кои одбија да ги примат решенијата за самоизолација, односно на кои не можеше да им се достават уредно.

Списокот е објавен во еден од пишаните медиуми во Македониа, а 104 се од Скопје и од приградските населени места.

Од Штип има 28 граѓани, додека од Гостивар се четворица, како и еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.

Првично инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе. Инспекторатот подолго време се подготвуваше за да го објави овој список.