(ФОТО) Од Џеј Ло до Гарнер: Кои се девојките кои го освојуваа Бредли Купер во текот на годините?

Иако по се' изгледа дека Бредли Купер има нова девојка, откако беше виден на плажа со актерката Џенифер Гарнер и неговата ќеркичка Леа, која ја има со Ирина.

Несомнено Бредли Купер и Ирина Шајк беа еден од најубавите и моќни парови во Холивуд, сè додека не го најавија нивното разделување во јуни, 2019 година.

Но пред врската со руската убавица, Ирина, американскиот ловец, Снајперист беше во романтични врски со некои од најуспешните жени во Холивуд.

Ова се сите познати ѕвезди со кои Бредли Купер бил во врска:

Џенифер Еспосито (Jennifer Esposito) (2006)

x

Тие двајца беа четири месеци во брак, пред Џенифер да побара развод.

Исабела Брустер (Isabella Brewster) (2008) 

x

Беа во врска една година.

Рене (Renée Zellweger) (2009)

x

Бредли и Рене беа заедно четири години.

Џенифер Лопез (Jennifer Lopez) (2011)

x

Џеј Ло и Бредли беа блиски и интензивно се дружеа неколку месеци, но никогаш не обелоденија врска.

Зое Салдана (Zoe Saldana) (2011)

x

За една година врска, двапати се разделуваа. 

Суки Ватерхаус (Suki Waterhouse) (2013)

x

Додека беа во врска Суки имаше 23, Бредли 40 години.

Ирина Шајк (Irina Shayk) (2015 - 2019) 

x

Заедно ја имат ќеркичката Леа.

После разделбата со Ирина, се шпекулираше дека постои нешто помеѓу Бредли и Лејди Гага, но тие се изјаснија дека не постои ништо, освен што беа партери во филмот „A star is born“ во кој ги толкуваа главните улоги


Најновите информации укажуваат на тоа дека Бредли е во врска со Џенифер Гарнер.

Актерката Џенифер Гарнер пред неколку дена објави дека ставила крај на долгогодишната врска со адвокатот Џон Милер, а само еден ден подоцна беа фотографирани на плажа со Бредли Купер, и неговата ќеркичка Леа.

Поодамнешна фотографија од Бредли и Џенифер Гарнер

Парот се' уште се нема изјаснето јавно дали се во врска.