(ФОТО) Одговараат на секој аутфит: Тамара Тодевска во обетки што мора да ги имате

Пејачката Тамара Тодевска, изминатиов викенд блескаше на сцената во Тирана каде доби награда за најдобар интернационален артист. Пејачката беше во совршена модна комбинација во црна боја.

Стајлингот беше надополнет со обетки од супер моќната колекција Lion Queen од Rebecca Macedonia.

Обетките се одличен избор и за елегантни и за лежерни комбинации, а особено се во тренд во овој предновогодишен и празничен период од годината.

Од истата колекција сигурно ќе се заљубите и во прекрасните ланчиња, кои ќе направат да изгледате моќно и убаво.