(ФОТО) Одговараат на секоја форма на лице: Три летни фризури кои лесно се одржуваат
фото: Profimedia
Овие летни денови се вистинското време за нова фризура! Ова е особено за сите дами на кои им е потребна промена, а идеален начин да се стори тоа е да ја скратите косата. Нудиме фризури кои се лесни за одржување и се вклопуваат на речиси сите форми на лице.
(Shaggy) Бушава фризура
Ако постои фризура која е совршена за лето, тоа е дефинитивно бушава фризура, со волумен, а Селена Гомез ја обожава. Фризерите докажаа дека овој вид фризура има моќ да ги потенцира најубавите делови на лицето, да ги скрие недостатоците, а исто така е лесна и за стилизирање.
(Lob) Лоб фризура
Доколку не сте подготвени за драстични промени, туку само сакате мала промена, одлучете се за лоб, што всушност е малку подолг боб, односно неговата должина се протега помеѓу брадата и клучната коска. Познатите дами ја обожаваат, секогаш ќе изгледате модерно, а сепак можете да ја врзете косата во коњско опавче.
(Blunt bob) Тап боб
Меѓу најпопуларните љубители на тап боб се членовите на кланот Кардашијан-Џенер, а се карактеризира со тоа што има остар крој. Оваа фризура најмногу одговара на лицето во форма на срце, но и овална и квадратна форма на лице, а доколку ви е здодеано од целосно рамната варијанта, секогаш можете да се обидете со неуредните бранови, кои се совршени за летните денови.
извор:glossy.espreso