(ФОТО) Одличен викенд во Скопје: Атиџе и Сузана Турунџиева заедно на прошетка, шопинг и настан

Водителката и пејачка, Сузана Турунџиева неодамна беше во посета на хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Изминатиов викенд пак, Атиџе реши да ја посети Сузана и заедно да поминат неколку денови.

Дружбата беше проследена со фотографии, а Сузана и Атиџе заедно шетаа низ главниот град, беа на настан, на шопинг, но и заедно запеаја на турски јазик: 

1. Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје... Една и единствена Атиџе!


2. На покана од мојата драга пријателка Дита Старова Ќерими, Атиџе и јас имавме чест да ја посетиме прекрасната изложба на Решат Амети и лично да го запознаеме авторот. На сите љубители на уметноста им препорачувам да ја посетат изложбата во Даут Пашин Амам.


3. Само тој што сонува и верува во себе, има можност многу да научи во животот, иако (за жал) никогаш не одел во училиште.


4. Кога шопингот ти е песна...


5. Помеѓу културно- уметничките активности и шопингот, пивнавме по еден салеп во Амбрела


За крај слушнете ја и изведбата на Атиџе и Сузана Турунџиева.