(ФОТО) Охрид врие од туристи: На плажите луѓето еден до друг

Време е за летни одмори, граѓаните периодов ги планираат или веќе се на своите омилени летни дестинации. Па, така поради пандемијата со корона вирус најголемите труситички центри во Македонија се преполни со народ.

Наша читателка ни испрати фотографии од плажата Љубаниште во Охрид. На фотографиите се гледа дека граѓаните не внимаваат многу на потребната дистанца за која секојдневно и многу пати во текот на денот апелираат институциите. На плажата буквално лежалките и чадорите се наместени едни до други.

Читателката, која сака да остане анонимна за Женски магазин вели дека народ во Охрид има насекаде, градот буквално врие и од домашни и од странски туристи, многу мал дел од нив носеле маски особено навечер кога туристите го користат охридското крајбрежје за прошетка.

Читателката исто така посочи и се пожали на дел од угостителските објекти во Охрид. Таа вели дека на менито се нудат производи кои не им се достапни и дека како и секогаш, (секоја чест на исклучоци), Охриѓани не успеале и годинава да се подготват за летната сезона во целост.


Н.М.