(ФОТО) Охридскиот кеј поплавен, нема жив човек на шеталиште

Охрид годинава не е предновогодишно полн како други години. Барем не ако се гледа по градскиот кеј. На шеталиштето покрај езерото нема буквално никој. Поради силниот ветер и големите бранови, кејот е поплавен, а малкуте туристи и мештани се шетаат по стазата паралелно со кејот или во чаршијата. Кафе баровите и рестораните се главно полни, и се одржува пропишаната дистанца. Охрид е традиционално убаво украсен и годинава. 

(М.Џ )