(ФОТО) Омилените обетки на Кејт Мидлтон на намаление: Може да ги купите за 95 евра

Добивај вести на Viber

Несомнено е дека војвотката од Кембриџ е модна инспирација на многу жени во светот, кои добро знаат дека Кејт не оди никаде без пар обетки. 

Се чини дека овие се едни од нејзините омилени, судејќи по многуте прилики на кои ги носеше, а сега можете да ги купите по намалена цена. Со попуст од 30 проценти можете да ги „фатите“ до вторник, 3-ти декември, а станува збор за парче накит потпишано од дизајнерот Моника Винадер.

Направени од позлатено сребро, со зелен оникс во центарот - овие едноставни обетки се супер избор за многу модни комбинации.

Кејт за првпат ги носеше уште во 2016-та година, на нејзината кралска турнеја во Канада. Оттогаш беа забележани на неа уште неколкупати и тоа на настани во Париз, Челзи и Лондон. 

Војвотката неодамна повторно се одлучи за овие обетки на ревијата за цвеќиња, а ги искомбинира со многу едностaвна и лежерна комбинација.

Во моментов од 135 евра, обетките онлајн може да се купат по намалена цена од 95 евра.