(ФОТО) Оригинална торта за Фатиме за 34. роденден

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи вчера прослави роденден. Новинарот и уредник на ТВ „24“ Огнен Јаневски на Фејсбук објави дека Фетаи го славела 34. роденден со зелник со праз. 

„ Роденден се слави со торта-зелник со праз! Изненадување - пар екселанс! Сето тоа спремно, а другарите и семејството "злосторнички" се здружија за да не нѐ сети роденденката. Специјална торта, за специјалната другарка - ФФ. Честита 34-ка. Ова де 23-ка! Urime! Gëzuar ditëlindjen. Мама Гордана ја спреми тортата за роденден“, напиша Јаневки за изненадувањето.