(ФОТО) Ова ли е новата нормалност: Во веќе отворени училишта деца во стаклени кутии учат, спијат, јадат

Училишта во Тајланд започнаа со работа, а наставата се одвива со физичко присуство на тој начин што децата се изолирани во стаклени кутии, во кои учат, спијат, јадат.

Во Тајланд, некои основни училишта започнаа да работат, во Бангкок, едно од основните училиште не ризикува, па презеде специфични мерки, така што обезбеди стаклени кутии во кои се “сместени“ децата за да се обезбеди дистанца.

Во Тајланд се отворија некои училишта затоа што нема случаи на заразени со ковид-19 веќе неколку месеци.

Инаку кај нас, денес се очекува МОН да ја соопшти конечната одлука за тоа како ќе се одвива наставата од септември. 
Погледнете ја галеријата од училиште во Тајланд, како таму изгледа наставата: