(ФОТО) Пере од „Нокаут“ со емотивна посвета за ќерките

Добивај вести на Viber

Музичарот Никола Перевски-Пере е горд на своите две ќерки. Со емотивна објава на својот Фејсбук профил, фронтменот на „Нокаут“ ги опиша Михаела и Каја.

„ Горд сум на овие мои две ќерки Македонки. Љубов, љубов и само љубов. Позитивни мисли и вибрации. И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере. Неговата постара ќерка Михаела е и негов музички соработник. Таа ги пее придружните вокали на сите концерти на „Нокаут“. На славеничкиот концерт на бендот минатиот месец во СРЦ „Кале“, со кој „Нокаут“ прослави 20 години од првиот концерт на истото место, Пере ѝ го честиташе роденденот на ќерка си. 

„ Беше бебе кога го правевме првиот концерт, а денес полни 20 години. Среќен роденден бејби“, рече Пере од сцената за ќерката. 

„ Миа и Каја се мојата радост и гордост. Мојата вечна инспирација. Михаела има 20 години и цврсто граби напред. Студира на ЕСРА (музичка продукција) има свој бенд (Chemical X), кој звучи фантастично и сѐ повеќе се вљубува во музиката. Се почесто соработуваме заедно, што значи добар удел во идеите за музиката на НОКАУТ има и таа, а повеќе пати настапувала како придружен вокал. Тоа кај себе си го сметам и го разбирам и како процес во воспитувањето на своите деца. Не дека е моја, ама и предвидувам убава кариера. Каја има 11 години, што значи дека влегува во една магична фаза, кога светот почнува да го перципира поинаку. Не е ниту дете, ниту тинејџер, нешто помеѓу, музички талентирана повеќе од мене и од сестра ѝ. Се обидувам да и помогнам полесно да се снајде во овој конфузен свет и не е лесно, но верувам дека ќе го изодиме и тој пат заедно. Веќе имам искуство со Миа. Горд сум на нив од сите можни аспекти“, изјави Пере во интервју за Женски магазин. М.Џ.