(ФОТО) Полн со туристи без маски: Една вечер во Охрид во време на коронавирус

Откако температурите се искачија над 30-тиот степен, а границите останаа затворени, одморите скратени, секако поради Ковид-19, Македонците решија да тераат домашен туризам. 

Прв и неизбежен на листата е преубавиот Охрид. Изминативе викенди гледавме преполни плажи со туристи, кои најнормално стојат еден до друг, без почитување на никакви мерки за претпазливост и заштита од коронавирусот.

Колку е ситуацијата поразлична во градот, односно во чаршија и на шеталиште?

Ништо подобро, преполно со туристи, од кои поголемиот дел се без маски, кои безгрижно шетаат и уживаат во својот одмор.


Д.К.

Фото: Женски Магазин