(ФОТО) Портрет од коса: Фризерка од Кривогаштани го „наслика“ Влатко Илиевски

Светлана Зуламоска-Гроздановска од Кривогаштани, фризерката која стана хит на социјалните мрежи откако повеќе познати личности ги „наслика“ со косата од клиентите кои ги шиша, сега го покажа нејзиното најново дело од за жал, прерано починатиот Влатко Илиевски.

„За Влатче кој денес ќе наполнеше 35 години. За специфичниот рапав и милозвучен глас и лик, кој ја красеше и беше огромно богатство за Македонија.. за тебе Влатче“ - напиша фризерката.