(ФОТО) После долго време: Сопругот на Карлеуша откри какви им се семејните односи

Сè е јасно ...

Сопругот на фолк дивата Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, многу ретко, скоро никогаш, не објавува работи од неговиот приватен живот на социјалните мрежи.

За разлика од пејачката која споделува деловен и приватен живот со своите придружници на Инстаграм, Душко најчесто е насочен кон неговата кариера.

Сепак, овој пат направи исклучок, па се огласи на Инстаграм објавувајќи една семејна фотографија. Всушност, на сликата се прикажани неговите ќерки Атина и Ника, кои очигледно го поддржаа на теренот тој ден.

Атина правеше срца со рацете, додека Ника само позираше пред камерата.

Не е познато точно кога е направена оваа фотографија, имајќи предвид дека девојчињата се во летна облека, но дефинитивно покажува колку сите се блиски во семејството и колку му значи дека биле таму со него.



Фото: Инстаграм/duskotosic

Можеби ќе ве интересира:

Како изгледаше Јелена Карлеуша во венчаница од првиот брак: Луксузна до бескрај