(ФОТО) Промената е очигледна: Јована Јоксимовиќ за прв пат во јавноста по отказот

Добивај вести на Viber

Поранешната водителка на ТВ Прва синоќа се појави на настан организаран од Емина Јаховиќ, и беше видно расположена.

Јована Јоксимовиќ (39) синоќа присуствуваше на промоцијата на новиот бренд за шминки на Емина Јаховиќ, што воедно беше и нејзин прв јавен настап по напуштањето на ТВ Прва.

Поранешната водителка на „Утро со Јована и Срѓан“, која ја водеше со нејзиниот колега Срѓан Предојевиќ, блескаше во црн сет кој одлично и одговара.

Таа не ја симнуваше насмевката од лицето цело време и беше јасно дека е многу добро расположена.

Јована беше во елегантен стајлинг, односно сет од црна поширока јакна и широки панталони, а исто така и поширока маица под сакото. За оваа пригода таа малку ја смени фризурата, а имаше и вечерна, посилна шминка.

Инаку, Жељко и Јована неодамна го прославија третиот роденден на ќерките близначки, Ана и Срна, организирајќи бајковита прослава за нивните принцези во дворот.

Новото издание на Јована:

Да потсетиме, Јована и Срѓан ја напуштија телевизијата Прва на крајот на септември, по што оваа медиумска куќа објави дека водителскиот пар бил отпуштен поради непочитување на работните обврски.

Неколку дена по оваа шокантна вест, Јована на својот Инстаграм профил објави подолга порака до сите медиуми, во која се вели дека „нема да се согласат некој да ги отпушти преку Инстаграм и да ги направи арогантни и разгалени sвезди“.

извор:telegraf.rs