(ФОТО) Првата дама впечатлива во Кенија: Розова боја за сензуална романтичност

Сопругата на претседателот Стево Пенадаровски, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше на Најроби Самитот кој се одржа на 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) во Каиро.

„Репродуктивното здравје, зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се патот за одржлив развој. Мојата земја е посветена кон заложбите и идеите на #ICPD и беше една од потпретседавачите на Конференцијата во 1994 година“, изјави г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Република Северна Македонија, во обраќањето на @UNFPA Самитот во Најроби, Кенија.

Таа посочи дека Првата Национална стратегија за Сексуално и репродуктивно здравје беше развиена во 2010 година со времетраење од 10 години, и оти нејзиното вистинско спроведување започна со усвојување на Акциониот план за СРЗ во 2018 година.

“Ова беше најголем чекор во препознавањето на значењето на човековите права, поточно сексуалните и репродуктивните права“, изјави Ѓоргиевска.

Облечена достојно за еден ваков настан, Првата дама изгледаше многу впечатливо. Таа со својата облека на еден начин ја испочитува земјата бидејќи во одредени делови имаше слични мотиви како и традиционлната облека во Кенија. Впечатливите бои и мотиви се присутни во розово- обоениот фустан и атрактивната марама. Изгледот го надополни со бисерни обетки.

Инаку розовата боја е симбол на сензуална женственост и романтика.

Фото: Фејсбук