(ФОТО) Првата љубов на Милица Тодоровиќ: Како денес изгледа убавиот Ненад?

Уште од самиот почеток на емисијата  „Ѕвездите на Гранд“ учесниците на овој натпревар ја заинтригираа балканската јавност со својот изглед и вештините за пеење. Меѓу нив беше и Ненад Јовановиќ од Белград, кој по крајот на втората сезона на популарната шоу програма започна врска со својата колешка од натпреварувањето, Милица Тодоровиќ, но по раскинувањето се повлече од јавноста.

На почетокот на натпреварот, Ненад и Милица беа само пријатели, а подоцна тоа пријателство роди љубов која траеше четири години.


Ненад ѝ беше голема поддршка на Милица по победата, но и по ангажманот за панк-операта „Dom za vešanje“ на Горан Бреговиќ и Емир Кустурица, со кои пејачката го обиколи светот. 

Се шпекулираше дека нивната љубов пропаднала поради големата раздалеченост, но Милица ги негираше овие гласини, тврдејќи дека ја има неговата апсолутна поддршка.


Денес Ненад живее мирен живот, подалеку од очите на јавноста, настапува по ноќни клубови и е среќно оженет.


Милица Тодоровиќ извесен период беше и во врска со братот на пејачот Саша Ковачевиќ.