(ФОТО) Сакаме проширен состав на трпезата: Џорлев прослави 26 години брак

Зоран Џорлев и неговата сопруга Офелија, вчера прославија 26 години брак. Свадбата, ни раскажа Џорлев, била во хотелот „Континентал“ и ја памети како многу весела. 

„На денешен ден пред 26 години беше недела. Тој ден си се заветивме пред себе и пред Бога“, напиша познатиот виолинист на својот Фејсбук профил и објави емотивен колаж со многу фотографии од убавите моменти со сопругата и со синовите, Наско и Мартин.

„Офелија ја запознав една мајска вечер во 1992 година, кога пос завршениот концерт со филхармонија отидовме со колегите во „Кајак клуб во градскиот парк, а таа вечер Правен факултет славеа апсолвентска. Доволен беше еден поглед и знаев дека е таа љубовта на мојот живот“, ни раскажа познатиот музичар. Џорлев додава дека му било тешко да ја освои сегашната сопруга, но упорноста се исплатела.

„ Богами, ми требаше време. Таа е многу патријархално и скромнни раскажа Џорлев .За својата сопруга, тој денес вели дека е неговиот воздух, неговиот столб и неговото јас. 

„ Едноставна жена на која чесноста, скромноста, борбеноста, работливоста ѝ се карактерна особина, моја водилка. Прекрасна мајка на моите две деца. Таа и децата се моето богатсво и мојата смисла на животот. Секоја годишнина ни е значајна така да што и оваа, и следната ќе биде иста како и досегашните, со желба да дочекаме што повеќе јубилеи и нормално како што течат годините да бидеме со проширен состав на семејството на трпезата“, ни изјави Џорлев.

„ Во Наско, како и Мартин (мојот помал син) вложивме многу внимание, дружба, љубов. Тој дипломираше на факултетот за музичка уметност на отсекот гитара а во меѓувреме и тој се занимава со музика и педагогија. Ова што го прави со „Дебелиот крај“ е еден дел од креативните работи што ги прави во животот и со задоволство го чекам секој нов клип“, додаде музичарот.

„ Мартин е многу сличен на брат му, многу се дружат и се поддржуваат и сум горд на тоа. Тој заврши основно музичко образование на отсекот класична хармоника и има освоено десетици први републички и меѓународни награди, но средното образование го продолжи во гимназијата „Корчагин“.Моментално посетува часови по џез гитара и хармонија, а музиката му е душевна храна, дел од животот“, ни раскажа познатиот музичар. (М.Џ.)