(ФОТО) Сашко Коцев, Дац, Митевски и Ранко Бубамара на ноќно санкање

Актерите Сашко Коцев и Драган Спасов-Дац со продуцентот Александар Митевски се на зимски одмор во Крушево. Дел од големото друштво и сопственикот на радио „Бубамара“, Ранко Петровиќ.

Ранко на својот Фејсбук профил објави весела слика од ноќното санкање на целата екипа. Митевски, Коцев, Петровиќ и Дац освен што се соработници се и приватно блиски пријатели.

На 21 февруари, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 22 издание на популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Шоуто минатиот месец во свој стил го објави овогодинешниот слоган - „Да се предадеме“.

„Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сѐ уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава- доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на „Златна Бубамара на популарноста“, најавија од штабот на радио “Бубамара“. 

За друштвото кое одмара на чист воздух, Крушево е дополнителна инспирација за новото сценарио на манифестацијата. (М.Џ.)