(ФОТО) Се заиграле со фотошоп: Во реалноста, овие славни дами не изгледаат како на сликите

Малите корекции се добри, но некои sвезди буквално се заиграле со фотошоп, па затоа се скоро непрепознатливи на фотографиите на социјалните мрежи

Со подобрување на технологијата, програмите за обработка на фотографии станаа достапни за нас. Во исто време, начинот на кој се претставуваме пред најблиските, но и на целиот свет, се смени.

Благодарение на Photoshop и сличните програми за корекција, можно е драстично да се смени изгледот - да се зголемат усните, да се израмнат брчките, да се истакнат образите на лицето, да се сечат тенките образи, да се истакнат очите…

Придобивките од овие програми ги користат скоро сите sвезди, но некои од нив знаат да претераат. Иако овие промени се повеќе од очигледни, тоа не ги спречува да се послужат со лажна слика за нивниот изглед на своите следбеници на дневна основа. Овие 4 дами водат убедливо кога станува збор за фотошопирање на фотографии:

Клои Кардашијан е мета на остри критики, токму заради оваа фотографија. Многумина се прашуваа зошто го прави тоа, кога е очигледно дека во реалноста не изгледа така?


Нејзината помлада сестра, Кендал Џенер, не заостанува во обработката на фотографиите. Таа не се колеба да го подобри својот личен опис во која било од програмите. Иако ја видовме без шминка и во целосно опуштено издание, кога станува збор за фотографии за социјалните мрежи, сè треба да биде совршено.


Манекенката Бела Хадид е исто така честопати критикувана за фотографиите што ги објавува.


Најдрастична разлика во изгледот може да се забележи кај пејачката Иги Азилија. Шминка или Фотошоп, пресудете сами.


Извор:stil.kurir.rs

Фото: Profimedia

(ФОТО) Без фотошоп и силикони: Неда Украден пред 40 години