(ФОТО) Северина со хит маска против коронавирус: Ќе ве воодушеви

Одлично ...

Пејачката Северина Којиќ се појави на премиерата на филмот „Кумек“ и заблеска во елегантен фустан и беж мантил, сепак целото внимание на јавноста го привлече маската што ја имаше на лицето.

Не, нејзината маска против ковид-19 не е направена од злато и нема дијаманти, но на неа се испишани стиховите од песната „Валтер“ на босанско-херцеговинскиот состав Дубиоза Колектив - „Vratiće se Valter“ (Валтер ќе се врати).

Во 2010 година, групата Дубиоза Колектив ја отпеа песната „Валтер ќе се врати“, што, како што рекоа во бендот, е сатиричен поглед на балканската желба за доаѓање на човек кој ќе ги реши сите проблеми.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Се пееше за Валтер, се снимаа филмови, раскажуваа митови ... тој беше најпознатиот партизански информатор кој загина во борбата против фашизмот.


Кој беше Валтер?

Владимир Периќ Валтер е роден во Пријепоjeе на 28 декември 1919 година и почина на 6 април 1945 година на 25-годишна возраст, како херој, на денот на ослободувањето на Сараево. Тој ја обиколуваше електраната што требаше да биде заштитена од непријателот што се повлекува, и таму го погоди минофрлачка граната. Неговата биста е сè уште на тоа место на улицата Валтерова во Сараево.

По војната, соборците на Валтер рекоа дека тој е недостижен во Гестапо и Усташите во Сараево.


Фото: Инстаграм