Нова пролетна SF колекција на пижами, килоти и маици, за него и за неа, како и нова уникатна линија на дезенирани хулахопки е лансирана во сите продавници на Сара Фешн.
Линијата на пижами, килоти и маици можете да ги имате во бордо, сив и тегет кариран дезен, како и светло сина, камуфлирани, но и светло сива боја со различни дезени и натписи. Хулахопките Аурора, Луси, Лили, Кира и Боба се вашите нови дезенирани SF хулахопки со потпис од Sara Fashion како уникатна модна приказна за месецот на жената.
Целата нова колекција може да се купува и онлјан на веб сајтот www.sarafashion.mk.
Моделите за оваа колекција се српската мисица Бојана Бојаниќ и македонскиот модел Влатко Кузмановски. Продукацијата е на Ани и Дими, шминка на VD Make up и фризура на Студио Сејменовски.