(ФОТО) Синчето на Ѓоковиќ слави роденден: Гордиот татко ја објави најслатката заедничка фотографија

Малиот Стефан вчера наполни 6 години, а тато Новак се огласи на социјалните мрежи по тој повод!

Иако тој и сопругата Јелена ретко објавуваат фотографии од нивните деца Тара и Стефан, досега не ги откриле нивните лица, ги чуваат далеку од очите на јавноста, Новак Ѓоковиќ овојпат јавно му го честиташе роденденот на неговиот син Стефан со заедничка фотографија.

- Среќен роденден, херој на тато. Ти благодариме што внесуваш безгранична љубов во нашите животи и нè потсетуваш да работиме на себе секој ден и да бидеме најдобрите луѓе и родители што можеме да бидеме. Те сакаме - напиша Новак.

Тој објави фотографија на која е со малиот Стефан.

Неодамна ја објави и оваа фотографија со Стефан на тениското игралиште.

Поврзани вести:

-Фотографија на денот: Како ангел чувар - Тара од трибините го бодри тато Новак Ѓоковиќ
-Малата Tара ќе ве воодушеви: Јелена Ѓоковиќ сподели интересен семеен момент од нивниот дом (ВИДЕО)